Претседателскиот кандидат од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски, во интервју дадено на 23 декември 2013 година, за порталот „Прес24“, предлага спорот за името да се решава зад затворени врати далеку од очите на јавноста и без нејзино знаење.
Тој во интервјуто вели:
„Мислам дека е дојден часот кога релевантните политички субјекти треба да седнат далеку од очите на јавноста и да се договорат за две работи: дали нашите стратешки цели утврдени во 90-тите години остануваат истите или не, и ако одговорот е позитивен, тогаш каков компромис треба да направиме за да се интегрираме, но при тоа да го сочуваме народот затоа што тоа е апсолутен приоритет број еден“.
Всушност, со овој став Пендаровски смета дека прашањето за името треба да го решаваат политичките елити, а не граѓаните на Република Македонија.
На ист ваков начин беше наметната и придавката ФИРОМ. И тогаш ова битно прашање се решаваше далеку од очите на јавноста, а притоа ниту граѓаните ниту кој било друг не беше консултиран, ниту информиран за ова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.