| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватски навивачи запалија српско знаме

Срамното однесување на дел од хрватските навивачи на арената „AFG“ во Сент Гален кулминираше со палење на српското знаме на стадионот.

– Би им се извинил на Швајцарците на однесувањето на некои таканаречени навивачи кои со нивното однесување ја расипаа целата слика за нас. На таквите не им е местото на стадион – изјави Нико Ковач.

Ковач им се извини и на домаќините за срамното однесување и палење факли на дел од навивачите на хрватската репрезентација, кој покрај непримерните скандирања го запалија и српското знаме.

– Ќе видиш ли сега? – напишаа навивачите на транспарент под знамето кое гори.

Јасно е дека пораката е упатена кон министерот Жељко Јовановиќ, кој тврдел дека не видел палење на хрватското знаме на белградска „Маракана“ за време на повратниот натпревар меѓу Србија и Хрватска во квалификациите за Светското првенство во Бразил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top