| четврток, 6 декември 2018 |

Презентирани инвестициските можности на Македонија во Торонто

geri naumof

Министерот за странски инвестиции, Џери Наумоф, пред 60 претставници на бизнис заедницата од Торонто, ја претстави бизнис климата во Македонија и предностите за инвестирање и проширување на нивните активности во нашата земја.

Највисоките менаџери на компании кои присуствуваа на форумот во голема мера беа заинтересирани за достапноста на квалификувана работна сила,  како и поволната бизнис клима во комбинација со предностите на даночниот систем. Представниците на компании кои присуствуваа на Форумот, од секторите за автомобилска индустрија, енергетика и минерални ресурси, изразија интерес да ја посетат Македонија

Министерот беше главен говорник на Форумот „Инвестициски можности за бизнис во Југоисточна Европа”, организиран од Советот на НАТО на Канада,

Министерот Наумоф се сретна и со сенаторот Хју Сегал (Претседавач на Советот на НАТО на Канада) и Џули Линдхул (Претседател на Советот на НАТО на Канада ) и ги договорија првичнте  аранжмани за посета на бизнис делегации од Канада и Македонија.

Во текот на посетата на Торонто, министерот оствари успешни средби со неколку компании од различни сектори за производство, како и со претставници на компании од  градежната, прехрамбената и филмската индустрија кои веќе имаат интерес за инвестирање во Македонија. Во организација на Џон Битов , еден од најуспешните македонски бизнисмени во Канада и светот, на работен ручек со реномирани бизнисмени, министерот Наумофф детално информираше за можностите за инвестирање во Македонија.  По таа средба, угледните бизнисмени, воспоставија контакти со менаџерите на компании, потенцијални инвеститори во македоското стопанство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top