Полицијата ги приведе раководителот на царинската подружница на граничниот премин Ново Село, шестмина цариници и петмина граѓани под сомнение дека работеле како група и шверцувале текстилна стока од Бугарија, соопшти МВР.
Во тек се претреси низ домовите на осомничените, а според неофицијални информации, полицијата и УЈП ќе вршат претреси и низ бутици во Струмица и околните места.
Во соработка со УЈП и Царинската инспекција почнуваат контроли во повеќе градови во земјава каде што во различен вид продавници можела да се најде шверцувана стока, дознаваме од извори во истрагата. Цел се објекти во Скопје, Струмица, Прилеп, Куманово, Виница и во Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.