Во ревијалниот дел од последната емисија во живо на „Икс-фактор“, во вторникот, гостуваа легендарните „Парни ваљак“, на чело со Аки Рахимовски.
Членовите на групата веднаш по настапот се запознаа со сите финалисти и ги охрабрија да продолжат да се борат за својот сон.
Енергичниот пејач на хрватската група, кој никогаш не го заборава своето македонско потекло, призна дека има свој фаворит.
– Мојот фаворит е мојот Македонец, Даниел Кајмакоски. Одличен вокал, има емоција додека пее и одличен однос со публиката. Но, има и други добри пејачи во „Икс-фактор“ – вели Аки за српските медиуми.
Даниел, пак, е воодушевен од поддршката која ја добива од познатите личности.
– Секогаш е неописливо чувството да ве поддржи некој што е веќе изградено име во музичката индустрија. Му благодарам на Аки од срце – вели Даниел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.