Цената на храната на глобално ниво е зголемена за 2,6 отсто во февруари, и тоа е најголем раст од средината на 2012 година најмногу поради неповолните временски услови, соопшти Агенцијата на ОН за храна.
Индексот на цените на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), со кој се мери месечната промена на цените во потрошувачката кошница во која се житарки, млечни производи, месо и шеќер, во просек, во февруари бил околу 208,1 бода, додека во јануари бил 202,9.
Економистот од ФАО, Абдолреза Абасијан, вели дека лошите временски услови во јужната хемисфера и делови од САД се најважна причина за раст на цените. Тој нагласува дека пазарите се „немирни“ и поради кризата во Украина што може дополнително да влијае врз цените во март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.