Поради суперфиналето на „Икс-фактор“, кое на 23 март ќе се одржи во арената „Комбанк“ во Белград, Кики Лесендриќ одлучи да го откаже својот концерт на 14 март, кој требаше да се одржи во спортската арена „Борис Трајковски“ во Скопје, за средината на мај и да подготви спектакуларен концерт со сите финалисти на „Икс-фактор“ и специјалните гости, како што тоа Македонија, всушност, го заслужува – соопшти продукцијата „МБК“, која го реализира оваа музичко натпреварување.
– Македонија се покажа како најголем љубител на „Икс-фактор“ во регионот, и во оваа пригода продукцијата „МБК“ сака да ги повика сите гледачи да ги поддржат суперфиналистите на „Икс-фактор Адрија“ на закажаното суперфинале на 23 март во арената „Комбанк“ во Белград. Влезниците во Македонија може да ги купите во: туристичките агенции „Папилон“, „Атлантис“, како и во „Југотон“ и „Екстрим ентертејмент“ – стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



