| четврток, 6 декември 2018 |

Тринаестгодишник изработи нуклеарен рeактор

sldkjhnsdklgnsdgsdgnukk

Експериментите на учениците во основните училишта понекогаш не се целосно безбедни, но притоа може да наидете и на некои кои ќе ве престрашат.

Таков беше случјот и со 13-годишниот Џејми Едврдс од англиската област Ланкшир. Кога тој го информирал директорот на неговото училиште дека во рамки на наставата планира да изработи нуклеарен реактор, прашањето кое прво му минало низ главата било дали по експериментот воопшто ќе има училиште.

Сепак, директорот на крајот попуштил, откако Џејми го уверил дека нема причини за страв.

Со ова Едвардс стана најмладиот творец на нуклеарна фисија во светот.

– Тоа е неверојатно достигнување. Зачудувачки е, а тешко ми е и мене да поверувам. Сите мои пријатели мислат дека сум полудел – рече Џејми, кој од мал е воодушевен од радијацијата и дури со сопствени пари купил и Гајгеров бројач.

Откако директорот Џим Хуриган му го дозволил експериметот, Џејми усепал да собере 3.000 фунти, колку што му биле потребни за експериментот. По неколку месеци напорна работа, реакторот бил подготвен да биде ставен во функција.

Но, ова не е се од малиот генијалец, чиј нареден проект најверојатно ќе биде минијатурен Хадронски колајдер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top