| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка на патот Охрид-Струга, тешко повреден велосипедист

policijalenta

На стариот пат Охрид – Струга денес се случи сообраќајна незгода во која е тешко повреден велосипедист.

Повредениот бил веднаш префрлен во болницата „Свети Еразмо” во Охрид, јави порталот „Охридлајф“.

Според првичните сознанија до несреќата дошло кога автомобил марка „Форд” удрил во велосипедистот кој се движел по патот Охрид – Струга при што истиот се здобил сео тешки телесни повреди.

Полицијата изврши увид на местото на настанот и се утврдуваат причините за сообраќајката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top