| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската армија доби четворица нови пилоти

авион

Македонската армија доби четворица нови пилоти, обучени во Центарот за обука во склоп на Воената академија. Меѓу нив е и првата жена-воен пилот, дел од воздухопловната бригада на Армијата. Деветнаесет месеци беа потребни за да се одберат првите и најдобри 4 офицери-пилоти од вкупно пријавените 90 кандидати.

– Во наредните години за потребите на воздухопловната бригада ќе се обучат 52 пилоти кои со своите вештини и знаења ќе бидат пример во Армијата – истакна министерот Џафери.

Џафери најави дека во следните месеци, најверојатно, ќе стартува генералниот ремонт на воените хеликоптери.

Долгорочниот план за развој на одбраната предвидува и набавка на нови хеликоптери, но, според Џафери, сѐ уште се чека на буџетска конструкција која ќе може да овозможи Армијата да се збогати со нови летала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top