На почетокот на денешниот состанок на Сергеј Лавров, шеф на руската дипломатија и Кетрин Ештон, престаничка на Европската унија за надворешна политика и за безбедност во Мадрид, дошло до мал инцидент бидејќи Лавров се шегувал со Ештон.
Во просторијата во која се одржуваше состанокот на масата биле поставени слатки, а Лавров рекол: „Колачиња. Послужете се, не се баш од Мајдан, ама сепак“ алудирајќи на нејзиниот престој на Евромајдан за време на протестите во Киев.
Во просторијата сите застанале, а Ештон тивко промрморила дека „не јаде слатки“.
„Никогаш во животот не сум јадела колачиња“, рекла Ештон и неколку моменти потоа владеела поприлично непријатна атмосфера, пишува информативниот портал „Глагол“.
„Кај вас овде баш е убаво“, додала таа во обид да ја развесели атмосферата.
„Да, нашиот амбасадор заслужи да работи на вакво убаво место. Ние луѓето ги врабботување според заслугите, не според политичките убедувања“, рекол Лавров алудирајќи на новите киевски власти и се насмевнал, пишува „Глагол“.
Ештон во целост се збунил и веднаш побарала медиумите да ја напуштат просторијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


