| четврток, 6 декември 2018 |

„Телеком“ ќе исплати 44,2 милиони евра за дивиденда

telekom

Телекомуникацискиот оператор „Македонски телеком“ дивидендата за изминатата година ќе ја исплаќа во период од 23 до 30 април оваа година, стои во предлог-одлуката за исплата на дивиденда, која е објавена на „Македонска берза“.

Нето-добивката на компанијата остварена минатата година изнесува две милијарди 716 милиони 252 илјади и 939 денари за исплата на бруто-дивиденда, во која е вклучен данок на добивка, персонален данок на доход и данок задршка.

Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери што имаат право на дивиденда за минатата година е 10 април 2014, а последен ден на тргување е 7 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top