| четврток, 6 декември 2018 |

Седмо коло во кошаркарската Евролига

Нашите репрезенативци Меккејлеб и Антиќ играат утре, а главен дуел денеска е тој во Москва на доминантните во последните години ЦСКА и Панатинаикос

По куса еднонеделна пауза продолжуваат возбудувањата во кошаркарската Евролига. Македонските репрезентативци Бо Меккејлеб и Перо Антиќ и нивните екипи Фенербахче и Олимпијакос играат утре, а седмото коло започнува со средби во 5 сали. Шлагер на денот е мечот во Москва меѓу ЦСКА и Панатинаикос затоа што овие два тима освоија пет од последните 7 титули во најдоброто натпреварување во Европа. Во другите денешни мечеви се среќаваат: Алба-Уникаха, Макаби-Барселона, Ефес-Реал Мадрид и Бамберг-Жалгирис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top