| четврток, 6 декември 2018 |

Берлускони попушта, Милан оди на продажба?

Силвио Берлускони ќе го продава управувачкиот пакет на акции во Милан, тврдат италијанските медиуми, а најсериозен кандидат за купување е Џорџо Сквинчи, сопственикот на Сасуоло, кој е претседател на концернот „Мапеи“.

Берлускони од неодамна преговара со Сквинчи или, како што го нарекуваат, кралот на хемиската индустрија во Италија. Проблем е цената бидејќи Берлускони наводна бара 700 милиони евра за да го продаде контролниот пакет акции, но за тиа пари не најде купец ниту во Русија ниту во богатите арапски земји.

„Форбс“ ја процени вкупната вредност на Милан на 900 милиони евра, а велат дека Берлускони нема да продава 51 процент од акциите за помалку од 500 милиони евра. Засега нема конкретни чекори, а Милан е во криза. Нема пари за засилувања, иако навивачите на италијанскиот гигант очекуваат, како и секогаш, спектакуларни трансфери во летниот преоден рок, со цел „росонерите“ да бидат конкуренти во битката за титулата во Калчото, но и да се борат за трофејот во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top