| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска фудбал од Лига Европа

Македонија во елиминациите ги има само Пандев во Наполи и повредениот Георгиевски во Стеауа

Откако во предходните два дена следевме натпревари од Лигата на фудбалски шампиони денеска на терените низ Европа се игра првиот елиминациски круг во второто натпреварување на континентот, Лига Европа. Шеснаестинафиналето во кое ние останавме со само двајца играчи, носи неколку интересни средби и ќе се одвива во три термина. Во првиот рускиот од 18 часот играат: Зенит – Ливерпул и Анжи – Хановер. Во вториот од 19, тој е редовен, се седум средби: БАТЕ Борисов – Фенербахче, Спарта Прага – Челси, Наполи на нашиот Горан Пандев против Викторија Плзен, Леванте – Олимпијакос, Динамо Киев – Бордо, Баер Леверкузен – Бенфика и Ајакс – Стеауа за која не игра повредениот Даниел Георгиевски.

Во 21 часот и 5 минути се преостанатите седум дуели: Базел – Дњипро, Интер – Клуж, Њукасл – Металист, Штутгарт – Генк, Атлетико Мадрид – Рубин Казан, Борусија Менхенглабах – Лацио и Тотенхем – Лион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top