Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска во 12 часот ќе потпише решение за распишување предвремени парламентарни избори.
Предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 27 април, истовремено со вториот круг од изборите за претседател на Република Мкаедонија.
Собранието вчера со 117 гласови „за“ и ниту еден „против“ и воздржан донесе одлука за распуштање на актуелниот пратенички состав.
Иницијатива за предвремени избори во Парламенот во саботата поднесе пратеничката група на ДУИ, која истиот ден беше прифатена и од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Предлогот на ДУИ го подржаа и опозициските СДСМ и ДПА, како и од другите помали политички партии. Ова ќе бидат трети предвремени парламентарни избори во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.