| четврток, 6 декември 2018 |

Младите фудбалери загубија од Португалија

ffm Babunski (Custom)
Фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година го претрпе третиот пораз во петтиот натпревар од квалификациите за ЕП 2014, откако на гости загубија од Португалија со 2:0.
Избраниците на Бобан Бабунски имаа криза во второто полувреме. Во 51. минута примија гол преку Силва, а потоа од пенал Рикардо го постави конечниот резултат во 59. минута. Португалците не успеаја да реализираат уште еден пенал преку Пасиенсиа во 69. минута.

Македонија остана на 4 бода во групата 8, додека Португалија има максимални 15 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top