Пациентка на возраст од 81 година од Неготино, кај која е дијагностицирано присуство на инфлуенца А/Х3 почина денеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Во оваа сезона таа е единаесетта жртва на грипот.
Пациентката, соопшти Министерството за здравство, девет дена била хоспитализирана на Инфективната клиника со тешка билатерална бронхопневмонија и со претходни хронични заболувања, како што се акутна бубрежна инсуфициенција и срцева слабост.
– И покрај спроведената антивирусна терапија и повеќедневните напори на лекарите, пациентката изутрината починала. На Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 98 пациенти со симптоми и клиничка слика на грип, од кои шест лица се лекуваат на одделението за интензивна нега – стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.