Ние сме најголема партија во Македонија и затоа сме должни да понудиме најдобар кандидат за претседател на Македонија. Тука нема дилема. Денеска треба да гласаме да се распушти парламентот. Тоа го правиме со гордост и верба дека граѓаните ќе докажат дека сме во право. Суштината на овие избори е важна и зависи од секој поединец. Сега народот ќе покаже дека го знае одговорот, ќе одговори во заштита на Уставот на Македонија. Опозицијата обвинува дека ова е фарса, а тоа не е така. Само опозицијата ги обвинува граѓаните дека грешат. Функционери на СДСМ имаа средби со челници на ДУИ и нуделе коалиција и поддршка на нивниот претседателски кандидат, изјави денеска координаторката на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, на седница на Собранието каде на дневен ред е расправата за самораспуштање на парламентот.
Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уцени и условувања, поради што ќе гласаат за распуштање на Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.