| четврток, 6 декември 2018 |

На 6 април женска трка во Градски парк

женска трка

На шести април, недела ќе се одржи втората женска трка, која е дел од промотивните трки на “Виз ер Скопски маратон”. Почетокот на трката е во 11 часот во Градскиот парк, кај Школка. Во 10.30 часот почнуваат аеробик-вежби како загревање за трката. Должината на патеката изнесува еден километар. Пријавените ќе истрчаат еден круг во Градскиот парк.

Организатор на спортскиот настан е Сојузот на спортовите – Скопје, а целта е превенција од заболувања преку вежбањето. Вакви трки се организираат ширум светот заради подигање на свеста кај жената да си посвети време на себе и да го подобри своето здравје со помош на вежбањето.
Целта на организаторот е да ја освести жената дека никогаш не е доцна да почне да се рекреира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top