| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот „Соба со пијано“ на ФЕСТ во Белград

„Соба со пијано“ на Игор Иванов вчера беше прикажан во преполна сала на Културниот центар во Белград, во рамки на 42. Филмски фестивал ФЕСТ во компетитивната програма „Европа вон Европа“.

– Дел од филмската екипа се поклони пред фестивалските гости, љубителите на филмот и новинарите кои во голем број присуствуваа на проекцијата, по што се одржа и Q&A сесија со продуцентот Томи Салковски, режисерот Игор Иванов, сценографот Миленко Јеремиќ и актерите Светозар Цветковиќ, Невена Ристиќ и Јагода Кумриќ, соопшти Скопје филм студио.

Во рамки на ФЕСТ ќе има уште две проекции на „Соба со пијано“, закажани за денес и утре. Денеска напладне на редовната фестивалска конференција за новинари ќе се обратат режисерот Игор Иванов и продуцентот Томи Салковски, а потоа ќе одржат спрецијално предавање пред студентите на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top