
Овој петок во кумановскиот ноќен клуб „Лолипоп”, концерт ќе одржат „Куку леле”. Од клубот, забавата со Роберт и Панки ја подготвија специјално за матурантите, а влезот е само со покана која се добива кај еден од менаџерите во средните кумановски училишта.
В сабота, по повеод Денот на жената, влезот во „Лолипоп“ е слободен , а гостува белградската група „Вива бенд“. Клубот го посветува цел месец март на жените и најавува концерти секој викенд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


