Циганска торта е еден од тие десерти што се подготвуваат лесно и брзо, а уште побрзо се јадат! Има две теста, темно и светло, а во овој рецепт глазурата е чоколадна. Посебен шмек ѝ дава мармаладот од кајсии, а ако сакате да биде уште посочна, во подготовката на тестото може да додадете и ликер.
Состојки за темното тесто:
150 грама путер
150 грама шеќер
100 грама чоколада
7 јајца
150 грама бадеми
100 грама бисквитни трошки
150 грама мармалад од кајсии
Состојки за светлото тесто:
170 грама брашно
140 грама путер
70 грама шеќер
Рендана кора од лимон
Сок од лимон
1 жолчка, сол
За глазура од чоколада:
120 грама шеќер во коцки
120 грама темна чоколада
6 лажици вода
50 грама путер
Приготвување на темното тесто: Кон пенасто изматениот путер и шеќер се додава омекнатата чоколада. Потоа се додаваат жолчките едноподруго, постојано мешајќи. Во пенастата маса се додаваат мелените бадеми, бисквитните трошки и снегот од белките. Смесата убаво се измешува и се истура во добро намачкан модел за торта.
Тестото се пече во рерна 50 минути на 180-200 степени.
Приготвување на светлото тесто:Во брашното се додаваат путерот издробен на парчиња, шеќерот, кората и сокот од лимонот, жолчката и малку сол. Се замесува ова тесто и се пече во намачкан модел за торта.
Оладената темна торта се сече хоризонтално на две половини. Половинките се мачкаат со мармалад од кајсии и тортата се реди така што светлата торта се става меѓу двете половинки од темната торта. На крај тортата се прелева со глазура од чоколада.
Приготвување на чоколадната глазура: Во помал сад се згуснува шеќерот и се додава омекната чоколада и вода. Потоа се додава и путерот. Се трга од огнот и се меша. Кога малку ќе се олади, глазурата се прелева врз тортата.
Место со бадеми, ваква торта може да се приготви и со ореви или со кикиритки. Тортата може да биде уште повкусна ако ѝ се додаде ликер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Препознајте ги на време: Знаци кои укажуваат дека шеќерот во крвта ви е висок
-
Пет промени во организмот откако ќе прекинете со консумација на шеќер
-
Продолжува контрола од АХВ и на увозното и на домашното брашно
-
Ќе почекаат уште малку: Србија најавува контра мерки ако не се најде трајно решение за брашното