Повеќе од 130 членови на највисокото тело на опозиционата СДСМ не гласаа за единствениот кандидат за претседател на најголемата опозиционата партија на партискиот конгрес на кој се бираше кандидат за претседател.
Дел од оние што одбија да присустуваат на конгресот атмосферата ја оценуваат како понижувачка.
„Не прилега на најголемата опозициона партија да покажува вакво ниско ниво на демократија мораше да има барем уште еден кандидат. Сами бараме демократија од ВМРО ДПМНЕ а не сме способни да предложиме повеќе кандидати. Се додека не се откачиме од стегите на Црвенковски а некои од сегашното раководство не ги расчистат долговите кон него не можеме да одиме напред“, вели еден од членовите на конгресот кој што од принципиелни причини одбил да присуствува на изборот на Пендаровски иако за него смета дека е меѓу најдобрите кандидати на опозицијата.
Со последниот 16 ти конгрес СДСМ стана една од ретките партии во Европа каде што партиски конгрес завршил без повеќе кандидати и без контра гласови, дури и без воздржани.
Можноста за тајно гласање воопшто не беше опција а дел од членовите на СДСМ тврдат дека голем дел од тие што гласале воопшто не се квалификуваат за тоа затоа што не се дел од структурите кои што го сочинуваат конгресот.
Според нив голем дел од тие што гласале се луѓе на Црвенковски кои што имале задача заедно со лидерите Заев и Шекеринска да не дозволат било каква дебата или објавување на листа на конгресмените.
На конгресот ги немаше ниту наводните 8 кандидати кои ја минале првата селекција од вкупо седумдесетината имиња кои што биле предложени од партиската база.
Информациите за силното влијание на Црвенковски на изборот на Пендаровски ги подгреа и лидерот Заев кој промовирајќи го екс соработникот на Црвенковски ги употреби истите зборови користени и при промоцијата на претседателот на изборите во 2004.
Човекот со државнички манири сега наместо Црвенковски за Заев е Пендаровски. „Државникот“ од пред 10 години сега го избра кандидатот за државник, дали со Црвенковски ќе се согласи и народот ќе се види за четириесетина дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст