| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарна претстава на учениците од „Здравко Цветковски“

Во рамките на програмата за промоција на хумани вредности, Општинската организација на Црвен крст – Карпoш, во соработка со учениците од СГГУ ,,Здравко Цветковски“, подготви хуманитарна претстава за да им помогнат на две социјалнозагрозени семејства.

На сцената на „Даре Џамбаз“ в четврток, со почеток во 20 часот, ќе биде прикажана претставата „Пеколни години“, а во неа учествуваат Петар Стевановиќ, Филип Стојановски, Ивана Пановска, Антонио Поп Манчевски, Ивана Вандова, Петриција Митрева, Стефанија Стојчевска, сите ученици во „Здравко Цветковски“.

Цената на билетот чини симболични 100 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top