| четврток, 6 декември 2018 |

Прандели се премислува, ќе остане селектор на аѕурите по СП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија Џезаре Прандели се премислува и размислува да остане на чело на селекцијата и по СП во Бразил. Тој неколку пати повтори дека по СП, секако, ќе си отиде од клупата Италија.

– Што се однесува до моето заминување, нешто се смени. Сега сериозно размислувам за продолжуање на договорот. За тоа ќе разговараме овој месец – изјави селекторот Прандели.

Медиумите во Италија шпекулираат дека Прандели се премислува бидејќи селекторот со новиот договор треба да има зголемени овластувања. Ќе може да има контрола и над младинските селекции и клубовите во Серија А.
Тој ја презема клупата на италјанската репрезентација по СП во 2010 година од Марчело Липи со кого не успеа да ја помине групната фаза. Прандели ја предводеше Италија до финалето на ЕП во Полска и во Украина до финалето каде што беше поразен од Шпанија со 4-0.
Договорот му истекнува ова лето по завршувањето на СП во Бразил. Италија се наоѓа во групата Д со репрезентациите на Англија, Уругвај и на Костарика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top