Руските сили ја презедоа контролата врз граничниот премин, од украинска страна, што ги поврзува Русија и Крим со линија на траект, по која почнаа да се превезуваат камиони полни со војници, соопшти украинската погранична стража.
– Руската војска со денови се наоѓаше околу пристаништата за траекти, но досега ја немаше преземено контролата врз украинскиот граничен пункт – пренесува „Танјуг“.
Портпаролот на граничната стража рече дека руските трупи преку овој премин синоќа превезле три камиони полни со војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.