| четврток, 6 декември 2018 |

САД и Русија во економска војна – Русите предупредија дека ќе се откажат од доларот

U.S. President Barack Obama meets with Russian President Putin in Los Cabos

Русија „до нула“ ќе ја намали економската зависност од САД доколку Вашингтон воведе санкции кон неа поради ситацијата во Украина, што ќе доведе до крах на американскиот финансиски систем, предупреди денеска советникот на Кремљ, Сергеј Глазев.

– Доколку САД воведат санкции против Русија поради Украина, руската влада може да биде принудена да се откаже од доларот како резервна валута и да го запре исплаќањето на сите кредити на американските банки – рече Глазев.

Тој додаде дека доколку Вашингтон ги замрзне сметките на руските компании и физички лица, Москва ќе им препорача на сите што поседуват американски обврзници да ги продадат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top