Во своето прво меѓународно интервју по излегувањето од затвор, Јулија Тимошенко јасно порача дека меѓународната заедница треба силно да реагира ако дипломатската акција не успее. Сепак, Тимошенко не сакаше директно да одговори на прашањето за тоа дали го повикува Западот на употреба на воена сила против Русија. Таа вели дека не може да го реши тој проблем, но апелира за помош на нејзината земја.
– Барам помош од светот, да се искористи секоја можност Украина да не го загуби Крим – рекла Тимошенко.
Поранешната премиерка вели дека Украина се наоѓа на чекор до војна.
– Ако Украина се остави сама и ако се предаде на Русија, светот ќе се промени. Нема да се променат само политиката и животот во Украина, ќе се променат политиката и животот секаде во светот – вели Тимошенко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст