| четврток, 6 декември 2018 |

Седум причини зошто треба да имате секс

Познато е дека водењето љубов не само што помага да се чувствувате поубави, попаметни и подобри, туку во голема мерка и ви го разубавува и освежува денот независно од проблемите околу вас.

Ова се причините зошто треба да водите љубов почесто.

Сексот ве подмладува
Докторот Дејвид Викс, невропсихијатар во кралската болница во Единбург, открил во своите истражувања дека постарите двојки кои имаат активен сексуален живот изгледаат и до 7 години помлади!

Сексот ве одржува витки
Една канадска студија докажала дека во 30 минути водење љубов можете да согорите повеќе калории одошто би изгубиле ако 30 минути трчате на лента. За 25 минути сексање, мажот согорува во просек 100 калории, а жената 69 калории. Тоа е приближно исто колку и при играње тенис во двојки, или при 20-минутно искачување на планина, или пак 40 минути вежбање јога.

Сексот лечи главоболка
Иако со векови главоболката се користела како главен изговор за да се избегне сексот, денешните истражувања го порекнуваат тој факт. Имено, оргазмот е поврзан со згоелмувањето на количеството крв во мозокот кое влијае на намалување на главоболката. Следниот пат кога ќе се пожали партнерот на главоболка како изговор за да немате
секс – повикајте се на ова и со сексање ублажете ја главоболката!

Сексот го подобрува расположението
Сексологот Стјуарт Броди од Универзитетот во Западна Шкотска спровел студија со која се докажува дека младите жени кои ретко имаат сексуални односи чувствуваат поголема депресија споредено со оние кои имаат секс редовно. Имено, хормоните кои се наоѓаат во спермата го подобруваат расположението кај жените, а потврдено е дека и самиот секс ослободува од стрес. Па така, кога и да се чувствувате нерасположени или депресивни – „фрлете“ се на
секс!

Сексот ја јакне самодовербата
Едно истражување на Универзитетот во Тексас открило дека луѓето кои имаат редовен секс чувствуваат поголема самодоверба и повеќе го сакаат своето тело споредено со оние кои немаат редовен секс.

Сексот спречува срцев удар
Истражувачите од Универзитетот Квинс во Белфаст откриле дека водењето љубов минимум три пати неделно за минимум три пати ја намалува можноста да се добие срцев или мозочен удар.

Утринскиот секс го разубавува денот
Луѓето кои уживаат во утрински секс се порасположени и поголеми оптимисти од оние кои имаат разни изговори за да избегнат утрински страсти. Па така, доколку сакате денот да ви тргне на арно, сексајте се и наутро. А навечер
секако дека сексот ќе ви донесе мирни и убави соништа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top