| четврток, 6 декември 2018 |

Јадранка Косор пред исклучување од ХДЗ?

Со интервјуто на Јадранка Косор за неделникот Глобус во кое изјавува дека „не сака повеќе да молчи“ и дека и забрануваат во ХДЗ да зборува, поранешната премиерка на Хрватска, ризикува да биде исклучена од нејзината партија, пишуваат денеска хрватските медиуми

jadranka kosor

Медиумските испади на поранешната претседателка на ХДЗ, ќе биде тема на седницата на партискиот Суд на честа на која, се шпекулира, дека ќе биде донесена одлука за бришење од партиското членство.

– Претседателот на ХДЗ за Осијек ми порача да престанам да зборувам, со оптужба дека ја уривам партијата. Ме обвинуваат дека сум зајак на СДП, изјавила Косор, која во исто време испрати јавни критики кон партиски членови на ХДЗ, дека водат политика на крајна десница, на што алудираше и на актуелниот претседател Томислав Карамарко. Таа објасни дека процесот на детуѓманизацијата ја започнал заедно со Стипе Месиќ, со кој соработувал и Карамарко.

– На госпоѓата Косор никој не и забранува да зборува. Од денот кога ги изгуби изборите до денес, Косор непрекинато зборува и јавно истапува. Ако сака да биде независен пратеник, постои само еден начин да тоа и да биде, изјавуваат од нејзината матична партија ХДЗ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top