| четврток, 6 декември 2018 |

Поплавите во Европа ќе бидат сѐ почести, а штетите сѐ поголеми

poplavi posle monsun 15

Ако продолжат климатските промени, тогаш има голема опасност да се повторат поплавите кои во последните неколку месеци се случија во Велика Британија. Последните научни истражувања покажале дека до поплавите ќе станат сѐ почести, а штетите сѐ поголеми до 2050 година.

Досега големите поплави се повторувале на секои 50 годиини, но сега тој период може да се скрати на секои 30 години, а екстремните случаи кои се случуваа на секои 16 години, сега би се случувале еднаш во десет години.

Пресметките од штетите од 4,9 милијарди евра би можеле да пораснат до 23,5 милијарди евра, што е речиси 380 отсто, се наведува во истражувањето објавено во списанието „Природни климатски промени“.

Научниците од неколку универзитети и истражувачки центри во Европа и во Австралија користеле модели на климатски промени, економски податоци и податоци за протокот на речната вода за да дојдат до заклучоци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top