Вчера на магистралниот пат Кичево-Гостивар, поради сообраќаен прекршок полициски службеници сопреле патничко моторно возило, управувано од Ф.А.(46) од с.Лакавица, Гостиварско.
Откако од страна на полициските службеници му било кажано зошто е сопрен, тој почнал да ги навредува упатувајќи им разни погрдни зборови, а во еден момент излегол од возилото и неколку пати го удрил полицискиот службеник.
По целосно расчистување на случајот за Ф.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


