| четврток, 6 декември 2018 |

Османи: Јасно се гледа кој ќе победи на овие избори

Bujar Osmani

Овие не се избори каде што ќе се одреди дали ќе победи позицијата или опозицијата затоа што јасно се гледа расположението на граѓаните. Ваков е ставот на портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, откако премиерот Никола Груевски ја прифати фрлената ракавица и владејачката партија ќе излезе на предвремени парламентарни избори.

Османи смета дека јасно се гледа кој ќе победи на овие избори, имајќи го предвид расположението на граѓаните. Тој додава дека бараат поддршка од Албанците за добивање 25 пратеници и додава дека овие избори ќе одредат кој ќе се факторизира повеќе во следната влада, ВМРО-ДПМНЕ или ДУИ.

– Ова ќе бидат избори коишто ќе одредат што ќе се факторизира повеќе во следната влада, ДУИ или ВМРО. Затоа бараме поддршка од Албанците за добивање на 25 пратеници на ДУИ – вели Османи.
bujar
Собранието ќе биде распуштено в среда по иницијатива на ДУИ и прифаќањето од ВМРО-ДПМНЕ за одржување предвремени парламентарни избори на 27 април, односно на вториот круг од претседателските избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top