Руската агенција за надзор на интернет блокирала 13 веб-страници што се поврзани со протестните движења во Украина поради кои прорускиот претседател Виктор Јанукович беше отстранет од функцијата.
„Роскомнадзор“ соопшти дека добиле наредба од кабинетот на главниот обвинител да се блокираат страниците на водечкиот социјален медиум во државата „Вконтакте“.
Според властите, тие пропагирале дејност на украински националистички групи и повикувале на терористичка дејност и учество во неодобрени масовни акции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.