| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел: Ќе ја пејам мојата омилена песна од Жељко

Во осмата емисија од најпопуларното музичко шоу „Икс-фактор“, која ќе се одржи утревечер, конечно, ќе ги дознаеме имињата на петтемина финалисти што ќе настапат во арената „Комбанк“.

Тема на вечерта се „песни од менторите“.

– Во почетокот се двоумевме која песна да ја одбереме, но по првата проба лесно одлучивме. Приватно ја обожувам песната која ќе ја пеам и ќе се потрудам публиката и мојот ментор Жељко да бидат задоволни! Подготвуваме одличен настап, ќе видите – вели Даниел.

– Оваа недела напорно вежбав и навистина се радувам на утрешната емисија – рече Лукијан.

– Многу сме возбудени, во вторник е одлучувачката вечер кога ќе се знае кој ќе оди во големото финале и кој ќе настапи во арената „Комбак“. Вежбаме секојдневно, ќе пееме една љубовна песна која сите многу ја сакаме – велат момците од групата „Доктори“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top