| четврток, 6 декември 2018 |

Невработеноста во ЕУ се задржа на 12 проценти

nevraboteni

Во вкупно 18 земји-членки на еврозоната, во јануари без работа биле 19.175.000 луѓе, што е за 17.000 повеќе во споредба со претходниот месец, објави европската статистичка агенција Евростат.

Според податоците, процентуално, невработеноста во еврозоната е на исто ниво од 12% веќе четврти месец по ред. Најголема загриженост предизвикува невработеноста кај младите лица – над 3,5 милиони лица на возраст под 25 години биле невработени во јануари. Изразено во проценти, веќе втор месец по ред, невработеноста кај младите е 24 проценти, двојно повисока од општата стапка на невработеност!

Најниска невработеност е регистрирана во Германија и во Австрија – само околу 5% од жителите таму бараат работа. Најголема стапка на невработеност и натаму има во Грција (28%) и во Шпанија (25,8%).

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top