| четврток, 6 декември 2018 |

Во одделение во Кина од 22 ученици, 20 се близнаци

bliznaci kina

Учителка во Кина има многу тешка задача да ги распознае своите ученици бидејќи од 22 – 20 се близнаци.

Учителката Ксу Феи (28) признава дека во училницата понекогаш владее конфузија поради близнацитте.

– Многу ми е тешко да ги распознаам бидејќи сите носат исти униформи. Тешко е да се знае кому се обраќам кога поставувам прашање или кога ги опоменувам да не зборуваат – изјави Ксу.

Но, како што поминува времето, учителката го надминала проблемот бидејќи почнала да забележува минимални разлики меѓу близнаците.

Според управата на училиштето, се работи за голем број близнаци во регионот и сосема е случајно што сите се во исто одделение.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top