| четврток, 6 декември 2018 |

Повредени двајца рудари во Пробиштип

rudari

Во пробиштипскиот рудник за олово и за цинк „Добрево“ се повредени двајца рудари. Според првичните информции од СВР Штип, нереќата се случила синоќа по 20 часот во една од рударските јами кога одрон на руда паднал врз двајцата рудари.

Рударите веднаш се префрлени во штипската клиничка болница, а, според лекарите, не се во животна опасност.  Рударите се здобиле со фрактури на нозете и на ’рбетот.

Повеќе детали за несреќата надлежните институции најавуваат во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top