| четврток, 6 декември 2018 |

Руски војници се трупаат на границата со Крим, ЕУ на вонредна седница за Украина

ukrajina_rusija_krim

Украинската гранична служба утрово соопшти дека на руската страна на границата односно на тесниот морски премин што ја дели Русија и украинскиот регион Крим регистрирани се голем број оклопни возила.

– Поголемиот број од тие возила се наоѓаат во близина на пристаништето на руската страна на каналот Керч, спроти истоимениот украински град – изјави портпаролот на украинската гранична патрола.

Во Брисел, пак, министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија денеска во Брисел ќе разговараат за ситуацијата во Украина.

Вонредниот состанок е на повик на Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон, по иницијатива на Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top