| четврток, 6 декември 2018 |

Коловозите влажни, магла на дел од патиштата

magla

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по влажни коловози.

Намалена видливост поради магла има на планинскиот премин Плетвар со видливост до 70 метри, на патниот правец Куманово – Крива Паланка со видливост од 100 до 150 метри и на патниот правец Велес – Катланово со видливост до 50 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде што е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top