| четврток, 6 декември 2018 |

Се издава крава за изборна кампања во Србија

Огласот „издавам крава за изборна кампања“ осамна во текот на вчерашниот ден на сајт за купување и продавање во Србија.

Регистрираниот член на сајтот, под името Милан, својата крава ја фали како мирољубиво животно, кое добро поднесува партиски спотови и реклами.

-Издавам крава за потребите на снимањето на изборната кампања на политичките партии и на лидерот кој сака, за промоцијата на својата програма, партија и грижата за земјоделието да сними прилог од мојата фарма. Кравата би била во заден план во близина на лидерот. Кравата е дресирана и мирољубива, навикната е на партиска реторика, затоа што за да се зголеми количината на млеко, редовно и се пуштаат партиски спотови наместо музика, пишува во огласот.

Милан, под текстот поставил и фотографии од предизборни кампањи од изминатите години. На фотографиите, покрај кравите, се најпознатите лидери на партиите, Борис Тадиќ, Драган Џилас, Ивица Дачиќ, Томислав Николиќ, но и претседателот на Русија, Владимир Путин покрај две крави.

Цената на изнајмувањето на кравата не е наведена, односно се е „по договор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top