| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО повика на распоредување меѓународни набљудувачи во Украина

НАТО  ги повика Русија и Украина да побараат мирно решение на судирот низ дијалог и да се распоредат меѓународни набљудувач, изјави генералниот секретар на алијансата Андерс Фог Расмусен.
– Тоа распоредување би се одвивало под покровителство на Советот за безбедноста при Обединетите нации или Организацијата за европска безбедност и соработка ОБСЕ – прецизирал генералниот секретар Андер Фог Расмусен по состанокот со амбасадорите на 28 членки на НАТО.Дел од состанокот беше одржан во присуство на претставник на Украина, земја со која НАТО има потпишано договор за партнерство, како и со Русија.

Расмусен изјави дека НАТО има намера да разговара со Русија. Прецизираше дека неколку членки побарале состанок меѓу претставниците на алијансата и Москва.

– Ја осудуваме секоја воена ескалација на Крим – изјави Расмусен во неделата навечер, по состанокот на алијансата во седиштето во Брисел, кој траеше девет часа.

Според него, руското воено ангажирање во врска со Украина претставува кршење на меѓународното право и е спротивно на принципите на Советот на НАТО и на Партнерството за мир, програмата на алијансата со земјите од поранешниот Советскиот Сојуз.

– Ја повикуваме Русија да ги смири тензиите. Ја повикуваме да ги почитува своите меѓународни обврски, да ги повлече своите сили во базите и да не интервенира во Украина – додаде Расмусен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top