| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва е Ноќта на Оскарите: дали „Gravity“ ќе го победи „12 years a slave“?

Вечерва е Ноќта на Оскарите. Единствениот Израелец кој ќе присуствува на свечената церемонија е Нив Адири, кој го изработил миксот за мзуката на филмот „Гравити“. Адри и неговите колеги се голем фаворит за Оскар, а се смета дека „Gravity“ ќе ги земе сите награди поврзани со техника. За оние кои не ги следеа филмските настани изминатите 12 месеци, најголемото прашање оваа година е дали гласачите ќе ги следат мислите или срцето. Дали визуелното зашеметување на 3D екстравагантност „Gravity“ ќе триумфира над „12 years a slave“ на Стив Меквин и ќе ја добие наградата за најдобар филм?

Драмата на британскиот режисер ја раскажува шокантната вистинска приказна за Соломон Нортап, афро-американски музичар кој во 1841 година бил киднапиран и продаден во ропство. Ова е филм во кој не е возможно да не се почитува и да не биде човек трогнат, а како и претходните на Меквин, ова е филм кој е тежок за „сакање“.
Експертите велат дека не би бил голем шок доколку „12 years a slave“ освои Оскар за најдобар филм, додека мексиканскиот режисер Куарон ја добие „утешната“ награда за најдобар режисер.
Големи се шансите Кејт Бланшет да го освои Оскарот за најдобра актерка во главна улога.
Овогодинешната церемонија по втор пат ќе ја води Елен Деџенерис, а главната тема ќе биде прославувањето на филмските херои, вклучувајќи ги и оние суперхерои кои ги преземаат кината скоро секое лето.
Се очекува церемонијата да биде проследена од стотици милиони луѓе, а најголемото прашање оваа година е дали „Gravity“ ќе го победи „12 years a slave“?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top