| четврток, 6 декември 2018 |

Јужна Африка ја тресе неизлечива туберкулоза

tuberkuloza1

 Нов вид на туберкулоза “целосно отпорен на лекови“ откриен е во Јужна Африка.
Од Јужна Африк пристгнуваат извештаи дека низ болницие “владее“ бактериска инфекција на белите дробови и зафаќа се поголем број од пациентите.
Докторот Уивистра Наиду, кој ги лечи заболените од туберкулоза во една јужноафриканска болница, со оваа болест има лично искуство.
tuberkuloza
И тој се заразил од бактеријата што е отпорна на лекови при контактот со пациентите и успеал да преживее дури по макотрпното тригодишно лекување, благодарејќи му на третманот со коктели од јаки лекови, со нус појави опасни за животот.
“Ако болеста не ве убие, лековите ќе го сторат тоа. На мене ми требаа три години да се излекувам, но повеќето пациенти немаат толку време“, вели докторот.
Од март 2010 година, СЗО предупредува дека во некои делови од светот секој четврти случај на туберкулоза е “болест која не може да се третира со стандардни лекови”.
Една од 22-те “високо ризични земји”, во кои најмногу владее оваа болест е и’ Јужна Африка, на која и припаѓаат 80 одсто од случаите во светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top