Ужасниот масакр што синоќа беше извршен во градот Кунминг е дело на милитанти од кинеската покраина Ксинџијанг, соопшти кинеската агенција Ксинхуа.
– Доказите од местото на злосторството покажуваат дека терористичкиот напад на железничката станица во градот го извршиле сепаратистички сили, соопштиле градските власти во Кунминг.
Државната кинеска телевизија нападот во кој беа убиени 27 луѓе а ранети 162 лица, го окарактеризирала како „насилен терористички чин“.
Неофицијално, кинеските власти успеале да уапсат неколку осомничени од групата која со ножеви влета и нападна луѓе кои стоеле на железничката станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.