Работнички го задржа првото место на табелата заедно со екипата на Кожув совладувајќи го денеска тимот на Карпош Соколи со 106-53. Големата разлика најтрофејниот клуб во Македонија ја направи во вториот и третиот период каде прими само 14 поени а даде дури 54. Во победничкиот табор дури пет играчи запишаа двоцифрен број на поени Икониќ (20), Красиќ (16), Петровски (15), Соколов (15), Џамбиќ (10). Во поразениот тим најефикасен беше Георгиевски со 14 постигнати поени.
Избраниците на Горан Димитријевиќ делуваа сигурно во првото полувреме, кое го завршија со со предност од 19 поени (59:40). Но, во третата четвртина битолчани одиграа фуриозно и успеаа да ја анулираат предноста на Куманово, резултатот во третиот период изнесуваше 37:18. Сепак кумановcи не дозволија изненадување и последната делница им припада нив со 20:14 што беше доволно за победа. Најефикасни во тимот на Куманово беа Врањеш со 25 поени и 11, односно 36 индекс поени, додека во тимот на Пелистер дури тројца играчи имаа постигнато над 20 поени, Голубовиќ (29), Радосављевиќ (26) и Апцев (21)
Во идентична ситуација беше и тимот на Лирија кој против аутсајдерот се намачи да стигне до победата, во четвртини натпреварот се движеше 22:18, 23:27, 16:12 и 26:25. Лидер во тимот на Лирија беше Трајковски со 24 поени и 12 скока, покрај него се истакна и центарот Јелесиевиќ со 15 поени. Кај вардарци најдобар беше Сандиќ со 17 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.