| четврток, 6 декември 2018 |

Путин заведувал актерка со дијамантска огрлица

S

Актерката Пита Вилсон позната како Никита, според популарната серија, беше вистинска фатална жена, а заведе многумина и во популарната серија, но и во вистинскиот живот.

Денеска има 42 години, а за американските медиуми деновиве се присети на една авантура со рускиот претседател Владимир Путин. Таа во 2002 година била на меѓународниот филмски фестивал во Москва, каде, според неа, се обидел да ја освои никој друг туку рускиот претседател Владимир Путин.

-Се најдовме сами во собата откако Путин нареди сите да излезат од просторијата. Се обиде да ме заведе со дијамантска огрлица. Ми се додворуваше и ми раскажуваше за вотката. Беше тоа вистинска ноќна мора- ја опишува Вилсон средбата  со Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top