| четврток, 6 декември 2018 |

Масакр во Кина: Во напад со ножеви убиени 27, а ранети преку 100 лица

noz krv

Дваесет и седум лица се убиени, а 109 се ранети денеска со нож во напад на железничката станица во градот Кунмин, во југозападна Кина, соопштија светските агенции, повикувајќи се агенцијата Ксинхуа.

Нападот на железничката станица во престолнината на провинцијата Јунан, Кунмин, е дело на мажи, вооружени со ножеви, прецизiра кинеската агенција.

Нападите биле извршени попладнево, околу билатерницата на станицата. Идентично облечените мажи, вооружени со ножеви, влегле во зградата на станицата и почнале да ги бодат луѓето.

На местото на трагедијата пристигнале над 10 полициски автомобили.

Почната е истрага за настанот, но засега нема никакви информации за евентуалниот мотив на напаѓачите.

Според американските медиуми, напаѓачите биле облечени во униформи, а по доаѓањето на полицијата од таму биле слушнати и истрели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top