| четврток, 6 декември 2018 |

Милијардер платил 500.000 долари за да излезе со Ким Кардашијан, а потоа се покајал

kim

Австрискиот бизнисмен Рихард Лунгер не бил воодушен од однесувањето на американската старлета, која му правела друштво на традиционалниот оперски бал во Виена, а на крајот од вечерта Ким го напуштила настанот.

Австрискиот милијардер Рихард Лунгер ѝ платил на Ким Кардашијан сума од 500.000 долари, за да таа му биде придружничка за време на некој свечен настан во Виена. Меѓутоа 81-годишниот бизнисмен како што минувало времето, станувал сè понервозен од однесувањето на Ким.

Таа најпрвин не се ни појавила на договорениот попладневен ручек со него, на кој требало да бидат снимени и сцени за нејзиното семејно шоу „Keeping Up With Kardashians“, што многу го изнервирало бизнисменот бидејќи таа не се придржувала кон договореното.

Сепак и Ким имала одредени проблеми во Виена. За време на балот, некој човек се маскирал во нејзиниот свршеник Канје Вест, ѝ ја поканил да танцуваат. Од оркестарот тој побарал да ја свират „Niggas in Vienna“, потсмевајќи се на хитот на Канје „Niggas in Paris“. Ова ја исплашило Ким до тој степен, што таа одлучила да ја напушти манифестацијата.

– И подобро што замина. Ми беше многу здодевна. Не сакаше да танцува со мене иако мошне солидно ја платив за тоа –  изјави австрискиот бизнисмен.

-Тој беше навистина агресивен. Ме допираше и ми кажуваше навредливи зборови. Негова цел беше да направи да се почувствувам ранливо. Постојано се обидуваше да останеме на само, но не успеа во намерата – одговори Ким на изјавите на Лунгер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top